ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА ПОСЛЕ ВЕЛИГДЕН Путин нема да го продолжи велигденското примирје
Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин го објави прекинот на огнот вчера на средба со началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. Тој изјави дека важи од 18 часот по московско време на 19 април до полноќ по московско време на 21 април – вкупно 30 часа.
„Немаше други наредби“, одговори Песков на прашањето дали прекинот на огнот во Украина ќе истече ноќта на 21 април или може да биде продолжен.