ВО НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН ДОСЕГА СЕ УБИЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 3.000 ЛУЃЕ Од нив 1.319 биле цивили, а 206 деца
Според ХРАНА, убиени се 1.122 ирански војници, а регистрирани се 599 смртни случаи, за кои не е утврдено дали се цивили или војници.
Според најновите податоци на Новинската агенција на активисти за човекови права во Иран (ХРАНА) во американско-израелските напади врз Иран убиени се повеќе од 3.000 луѓе, од кои поголемиот број се цивили.
Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор.
Според ХРАНА, убиени се 1.122 ирански војници, а регистрирани се 599 смртни случаи, за кои не е утврдено дали се цивили или војници.
Во изминатите 24 часа евидентирани се 21 загинати цивили, меѓу кои и едно дете.
Според официјалните податоци на иранското Министерство за здравство во американско-израелските напади убиени се 1.200 луѓе, а повредени се околу 10.000 лица.