Во Маврово ќе се гради zip-линија за рекреација на деца и возрасни

Маврово треба да прерасне во туристичка дестинација која ќе биде атрактивна за туристите преку целата година.

356

Еко патека,  zip-линија, велосипедски патеки и дестинација број 1 за качување карпи се дел од планираните содржини кои треба да го направат Маврово во туристичка дестинација која ќе биде атрактивна за туристите преку целата година.

Ова е договорено на денешната средба на директорот на Аагенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски со градоначалникот на општина Маврово и Ростуша Медат Куртовски и директорот на НП Маврово Самир Ајдин.






Според планот за развој на туризмот во Маврово, следната година ќе се гради zip-линија  односно структура од јажиња и сајли кои висат од едниот до другиот крај на патеката од високите дрва во густата шума и се прицврстени за помошни објекти, па дури и за карпите или издигнувањата во релјефот.

На средбата е констатирано дека кампањата „Дома си е дома“ најголемиот ефект го постигна во националните паркови и подзаборавените туристички атракции во нашата земја и дека бројот на туристички посети и туристи и во летниот период може да биде исто токлку голем колку и во зимскиот период..

 

Поврзани содржини