ВО МАРТ СЕ ИЗДАДЕНИ 334 ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ Највреден објект што ќе се гради е пречистителна станица во Скопје
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (55,4 %) се наменети за објекти од високоградба, 64 (19,2 %) за објекти од нискоградба и 85 (25,4 %) за објекти за реконструкција.
Во март 2025 година се издадени 334 одобренија за градење, што е за 4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 20, 2 милијарди денари, што е за 244,2 % повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на станица за пречистување отпадни води за Град Скопје, кое е со голема вредност.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (55,4 %) се наменети за објекти од високоградба, 64 (19,2 %) за објекти од нискоградба и 85 (25,4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 334 објекти, на 149 (44,6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 185 (55,4 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 685 станови, со вкупна корисна површина од 57.039 квадратни метри. Од нив најмногу 230 станови ќе се градат во Скопје, 184 во Југозападниот регион, додека 92 стана ќе се градат во Југоисточниот регион. Најмногу од становите ќе бидат двособни и трособни.