ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 9.900 ЛИЦЕНЦИРАНИ ЛЕКАРИ Лекарската комора одбележа 20-годишнина откако ги издава дозволите

Лиценците, како што истакна претседателката на Комората проф. д-р Калина Гривчева Старделова, на лекарите им гарантира дека може да работат, а на пациентите дека докторите го акредитираат и го обновуваат знаењето со согласно законските регулативи.

286

Со доделување лиценци за работа на доктори на медицина, Лекарската комора одбележа 20 години од добивањето овластувања да организира полагање на стручен испит, да издава лиценци за работа и да акретитира настани од континуирана медицинска едукација.

Според регистерот на Комората, во моментот се евидентирани 9.900 активни лиценци, но бројката се очекува да се зголеми со оглед на фактот дека деновиве се полага државен испит.






Лиценците, како што истакна претседателката на Комората проф. д-р Калина Гривчева Старделова, на лекарите им гарантира дека може да работат, а на пациентите дека докторите го акредитираат и го обновуваат знаењето со согласно законските регулативи.

– Првото лиценцирање во нашата држава беше одобрено во 2004 година и се прави во циклуси на секои 7 години. Од првата до наредната треба да се има 4 години работа со пациенти во континуитет и 20 бода годишно, што значи дека тие доктори биле на некаква медицинска едукација. Годинава обновуваме лиценци на оние што почнале први, на 1.500 лекари – рече Калина Гривчева Старделова.

Во изминатите 20 години, по судска одлука тројца лекари трајно останале без лиценци, а кај двајца биле привремено одземани. Најчеста причина за одземањето, според претседателката на Лекарската комора, е утврдена лекарска грешка.

Важењето на лиценците, пак, како што наведе, им престанало на 3.384 лекари, по различни основи.

– Да одземете некому лиценца значи дека не може никогаш повеќе да работи. Мора да има добра причина за тоа. Нашиот Закон кажува дека судската пресуда докажува дека настанале смртни последици од недобро работење на доктор и дека тој не треба да ја работи таа дејност. Постои опција и министер да побара одземање лиценца на доктор од оправдани причини за тоа. Кога добиваме судска пресуда или барање од министер ја свикуваме етичката комисија и таа го проследува до судот во честа – истакна Гривчева Старделова.

Во врска тоа колку лекари ја напуштиле државата и колку се вратиле повторно назад, таа појасни дека во регистерот на Комората влегуваат само оние доктори кои положиле државен испит.

– Тие имаат обврска да пријават промена на работно место, телефон, мејл адреси, но, за жал тие што не положиле државен испит не се во нашиот регистер, а тоа се добар дел од колегите кои си одат од државата, немаат обврска да пријават дали одат за стално – рече Гривчева Старделова, нагласувајќи дека има и такви кои се враќаат повторно во државата но во помал број.

Поврзани содржини