ВО МАЈ СЕ ПРИТВОРЕНИ 15 НАСИЛНИЦИ, КРИВИЧНО СЕ ГОНАТ 144 ЛУЃЕ Драстичен пораст од 70% на пријавите за семејно насилство

Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители на семејно насилство во текот на мај 2026 година, а жртви на кривичните дела се 143 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

0

Во текот на мај 2026 година се пријавени вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од кривичните дела се Телесна повреда – 130 и Загрозување на сигурноста – 52.






Од МВР посочуваат дека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди.

Најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се пријавени во Скопје – 62.

„Во текот на мај МВР поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3 отсто во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка се поднесени 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800 отсто“, соопшти МВР.

Во мај 2026 година се регистрирани вкупно 19 прекршоци, најчесто за физички напад, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

Поврзани содржини