Во Лисиче се гради ново училиште „Димитар Македонски“ 

572

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, денеска извршија увид во градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, соопшти Општината.

И двајцата констатираа дека работите течат според предвидениот тек и се очекува објектот да биде пуштен во употреба идната година.






– Изградбата на новиот објект е од витално значење за учениците од овој дел на општината – изјави градоначалникот Марин и посочи дека населбата Лисиче ќе добие современо основно училиште.

Инаку, новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

 

Поврзани содржини