ВО КУМАНОВО СМЕ НА ПОМИНУВАЊЕ Сектата Лев Тахор не знае до кога ќе отседне во градот (ВИДЕО)

Соседите од улицата за ТВ24 велат дека луѓето од Лев Тахор ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба, но дека секојдневно пред оваа куќа каде што престојуваат се собираат граѓани, соседи, кумановци, кои што се интересираат што прави оваа религиозна група токму во Куманово.

5,187

Групата од триесетина Евреи кои пристигнаа во Куманово не знаат до кога ќе седат во градот, но  за ТВ24 изјавија дека се само на поминување. МВР објасни дека сите припадници на сектата Лев Тахор имаат легални пасоши и легален престој од 90 дена во Македонија. Според некои извори, сектата можно е да го напушти градот уште утре.






Кои се Лев Тахор? Тоа е патувачка секта која се противи на државното уредување и живее по свои правила. Тие до минатата недела престојувале во Сараево, а потоа дошле во Македонија, бидејќи не им било дозволено да го продолжат својот престој.

За ТВ24 тие велат дека не се опасни, ги демантираат сите информации дека киднапираат или злоупотребуваат деца, а се жалат дека постојатно се прогонувани од државите каде престојуваат. За себе велат дека ретко ја напуштаат нивната куќа, освен кога треба да одат во продавница.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски изјави дека религиозната група е добредојдена во градот сѐ додека според правилата и прописите.

Станува збор за група од околу 30 члена, десетина од нив се сместени во една куќа, а другите се распределени на други локации. Соседите од улицата за ТВ24 велат дека луѓето од Лев Тахор ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба, но дека секојдневно пред оваа куќа каде што престојуваат се собираат граѓани, соседи, кумановци, кои што се интересираат што прави оваа религиозна група токму во Куманово.

Поврзани содржини