Жителите на Краков ги разбудил мирис на кафе кој се ширел од улиците бидејќи градската служба наместо со сол снежните улици и заеледените површини ги посипала со кафе.
Од градското зеленило велат дека кафето е добро за околината и дека неговите остатоци се поевтини од солта.
Оваа одлука ги развеселила жителите и сопствениците на кафулињата кои сега остатоците од кафето не мора да ги фрлаат во корпите за ѓубре.
Уште една добра причина за посипување на кафето за разлика од солта, е тоа што кафето не е штетно за кучињата.
Повеќе од 50 кафулиња го прифатиле повикот и испорачале талог од кафе на службата градско зеленило во Краков.