Во ковид центрите се лекуваат 766 болни од ковид-19
Само во изминатото деноноќие се хоспитализирани 426 пазиенти
Во ковид центрите во болниците низ земјава во последното деноноќие се хоспитализирани вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Според извештаите, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 53, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.