ВО КИНА НЕМА ЛАБАВО СО КОРОНАТА Тешки карантини на повидок, Пекинг ги затвора парковите
Видеата на социјалните мрежи покажуваат луѓе во некои области како протестираат или се борат со полицијата и со здравствените работници. Владата соопшти дека го намалува времето што патниците кои пристигнуваат во Кина ќе треба да го поминуваат во карантин, но не е веднаш јасно кога и каде ќе стапат на сила правилата и на кого ќе се применуваат.
Главниот град на Кина, Пекинг ги затвори градските паркови и воведе други ограничувања бидејќи земјата се соочува со бран на инфекции со коронавирус со 10.729 нови случаи. Во јужната индустриска област Гуангжу и големиот западен град Чонгкинг, повеќе од пет милиони луѓе сега се во изолација, пишува Н1.
Голем дел од 21 милион жители на Пекинг беа подложени на задолжително дневно тестирање, а беа регистрирани 118 нови случаи на инфекцијата. Многу градски училишта се префрлија на учење на далечина, болниците имаат ограничени услуги, некои продавници и ресторани се затворени, а нивниот персонал е ставен во карантин.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат луѓе во некои области како протестираат или се борат со полицијата и со здравствените работници. Владата соопшти дека го намалува времето што патниците кои пристигнуваат во Кина ќе треба да го поминуваат во карантин, но не е веднаш јасно кога и каде ќе стапат на сила правилата и на кого ќе се применуваат.
Амбасадата на САД оваа недела го обнови својот совет до граѓаните да избегнуваат патување во Кина освен ако е апсолутно неопходно.
Кинеските лидери вчера ветија дека ќе одговорат на фрустрацијата на јавноста поради нивната тешка стратегија „нула корона“, стратегија поради која актуелниот претседател Си Џинпинг беше критикуван дома и во странство.