Бројот на заразени со ковид -19 се зголемува, а состојбата во кичевската болница континуирано се влошува. Во оваа барака се третираат заразените со ковид-19, но нема доволен капацитет за сите заразени.
– Состојбата со ковид-19 ја влоши ситуацијата во кичевската болница. Ова зад мене е бараката каде се третираат пациенти со Ковид-19 кои имаат лесни симптоми и примаат инфузии преку ден. Состојбата е видно лоша бодејќи нема ниту инфективен оддел ниту доволно средства. Во текот на вчерашниот ден беше објавено видеоа каде се гледа пациент како прима инфузија во дворот на кичевската болница – објави ТВ21.