ВО КАВАДАРЦИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА ВО ЈАДЕЊЕ ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА Најхрабрите натпреварувачи добија награди

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер". 

475

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” се одржа денеска во Кавадарци, а за најхрабрите беа обезбедени награди.

Росоманката Весна Јаневска е единствената жена која учествуваше во натпреварувањето и лани и годинава. Таа минатата година го освои второто место и освои сом од 10 килограми.






– Сакам да ги охрабрам сите припаднички на понежниот пол да учествуваат во еден ваков предизвик и да си ја одмерат издржливоста со посилниот пол. Не е важно кој ќе победи, важно е дружењето и стекнувањето нови пријателства – нагласи Јаневска за МИА.

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.

Поврзани содржини