Во кафеана само до 21 часот

Владата одлучила да забрани групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21.00 часот.

702

Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор.

Според одлуката на Владата се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата е донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21.00 часот.

Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

Поврзани содржини