Во Израел пораст на новозаразени за 3.000 отсто
Минатата недела кај еден патник кој бил вакциниран а стасал во Израел од странство забележан е првиот случај на нов сој познат како делта плус, а во меѓувреме тој сој е дијагностициран кај вкупно 51 лице, јавуваat израелски медиуми.
Во Израел втор ден по ред се регистрирани повеќе од 750 случаи на новозаразени со коронавирусот, а во текот на минатиот месец бројот на заразени дневно е зголемен за 3.000 отсто, соопшти Министерството за здравство.
Од таму велат дека бројот на сериозно болни се зголемил од 8 на 53, но дека сепак е низок.
До неодамна бројот на новозаразени бил околу 15 дневно, а потоа се зголеми на повеќе од 500.
Во исто време бројот на сериозни случаи се зголемил за 150 отсто, од 20 активни тешки случаи на 53.
Сепак дневниот раст на инфекции и понатаму е помал од предвидувањата на Министерството за здравство од пред две недели.
Стапката на позитивни тестови се зголемила на 1,45 отсто во вторник, од 1,33 колку што изнесувала во понеделникот, кога се регистрирани 760 нови случаи на инфекција, највисока од март годинава.
Растот на бројот на заразени се припишува на ширењето на делта сојот кој станал доминантен во Израел.
Минатата недела кај еден патник кој бил вакциниран а стасал во Израел од странство забележан е првиот случај на нов сој познат како делта плус, а во меѓувреме тој сој е дијагностициран кај вкупно 51 лице, јавуваat израелски медиуми.
Сојот делта плус е сличен на распространетиот делта сој, но сè уште е нејасно дали тој е позаразен и поопасен.
Министерството за здравство размислува повторно да воведе зелени пропусници за собири на повеќе од 100 лица во затворен простор во рестораните, теретаните, кафулињата и во синагогите.
Врз основа на тој систем на лицата кои не се вакцинирани или не се заздравиле од вирусот ќе им биде забрането да влезат ако не се тестираат со брз тест или ако не покажат негативен тест не постар од 48 часа.