ВО ИЗОЛАЦИЈА 177 УЧЕНИЦИ Професорите по македонски и математика биле позитивни
Во изолација има и три одделенија во основното училиште „Христо Узунов“ и во гимназијата„ Свети Климент Охридски“, но од општината тврдат дека има услови за безбедна настава бидејќи како што посочуваат изминатиот период подобрени биле условите во сите училишта во градот.
Професори позитивни на ковид- 19 во изолација испратија 177 ученици од охридското основно училиште „Братство и единство“ јави Сител.
Откако биле во контакт со професорите по македонски и математика од училиштето одлучиле децата одреден период наставата да ја следат онлајн. Директорот Џамал Мехмед за Сител потврди дека станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик.