Во Индија за 24 часа над 3.000 заразени со ковид-19

Во моментот се лекуваат 33.514 пациенти, а оздравеле 14.182.  Во последното деноноќие починале 126 лица, така што вкупниот број починати изнесува 1.694.

170

Во текот на изминатите 24 часа во Индија се регистрирани повеќе од 3.000 нови случаи на заразени со ковид-19. Според податоците на Министерството за здравство, вкупниот број во земјата достигна 49.391 лице.

Во моментот се лекуваат 33.514 пациенти, а оздравеле 14.182.  Во последното деноноќие починале 126 лица, така што вкупниот број починати изнесува 1.694.






Министерството за внатрешни работи на Индија до 17 мај ги продолжи мерките за изолација и им наложи на државите да назначат „црвени“, „портокалови“ и „зелени“ зони, во зависност од бројот на заразени.

Во „зелените“ и „портокаловите“ области, со некои ограничувања, дозволено е користење такси и јавен превоз.

Во сите области, без исклучок, има забрана за работа на образовните институции и рекреативните објекти, границите се затворени, а забранети се и авионските летови и патувањата со воз и метро.

Поврзани содржини