ВО ГРУПНА ТЕПАЧКА ЕДЕН ИЗВАДИЛ НОЖ, А ДРУГ СОЛЗАВЕЦ Ќе одговараат за обид за убиство

274

Кривична пријава е поднесена против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и против Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид“.

Како што соопшти полицијата, на 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците 22 Октомври и Партизанска во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.






Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Поврзани содржини