Во Грција повторно се отвораат клиники за лекување ковид пациенти

Ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што предвидоа некои набљудувачи, во болниците „ќе биде застрашувачки“ во октомври, рече Матина Пагони, претседателка на Унијата на бонички лекари во Атина.

341

Клиники за лекување пациенти со ковид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја.

Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со ковид-19 во болниците се зголемуваат и за една недела се зголемиле од 5 на 45.






Таа додаде дека „работите воопшто не одат добро и ако не се вакцинираме, никој не може да предвиди што ќе се случува со вирусот во иднина“. Според неа, ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што предвидоа некои набљудувачи, во болниците „ќе биде застрашувачки“ во октомври.

Што се однесува до потребата од трета доза на вакцина, Пагони рече дека веројатно ќе биде потребна за 80 до 90 проценти од вакцинираните дека на оние кои неодамна се вакцинирани, ќе им треба трета доза следното лето.

Поврзани содржини