Во Градски парк како на градилиште (ГАЛЕРИЈА)

Плусинфо разговараше со случајните минувачи кои се шетаа во Градскиот парк, па како што велат, радосни се поради тоа што се врши реконструкција на овој дел од паркот, но од друга страна, пак, им пречи прашината која се создава од багерите и камионите.

1,100

Раскопани улици, откорнати клупи, багери, камиони. Ваква е сликата во Градскиот парк во Скопје, откако скопскиот градоначалник уште пред еден месец ја најави реконструкцијата на патеките во стариот дел на паркот.

Тој тогаш рече дека целиот проект ќе заврши за 35-40 дена, но според темпото и според прикажаното на фотографиите, очигледно скопјани уште некое време ќе дишат прашина.






Плусинфо разговараше со случајните минувачи кои се шетаа во Градскиот парк, па како што велат, радосни се поради тоа што се врши реконструкција на овој дел од паркот, но од друга страна, пак, им пречи прашината која се создава од багерите и камионите.

– Добро е тоа што стариот дел на Градскиот парк ќе добие нов лик, но искрено се надевам дека за скоро време ќе биде завршена реконструкцијата, оти не се дише. Подобро ќе беше реконструкцијата да започнеше во претходните постудени месеци кога немаше толку многу луѓе во паркот, па сега ќе беше сè готово. Секојдневно со децата доаѓаме тука, но наместо да се опуштиме и да се рекреираме, сега се полниме со прашина. Немаме ни каде да се одмориме, бидејќи, како што гледате, голем дел од клупите се искорнати. За ѓубрето воопшто да не зборуваме. Мислам дека Град Скопје треба повеќе да се посвети и побрзо да го заврши она што е започнато – вели скопјанката Сузана.

Покрај реконструкцијата на патеките, градоначалникот Шилегов најави дека е планирана и целосна замена на канделабрите, поставување на нови клупи и канти за џебен отпад, што на овој дел од паркот му се повеќе од потребни.

Поврзани содржини