Во Гази Баба по 20 часа работа, советниците уште за гуша што не се фатиле ВИДЕО
Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ реагира и за вечерва најавува вонредна изјава за случувањата во Советот на општината Гази Баба каде што по 20 часа работа, како што велат, во моментот се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски.
– Седницата на Совет трае се уште и повеќе од 20 часа. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината. Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови – велат од партијата.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба предупредува на кршење на сите процедури при ребалансот на буџетот.
Медиумите објавуваат и видео, на кое е снимено скандалозно однесување на градоначалникот Борис Георгиевски:
ФОТО: Република