Во Франција мерките за ограничено движење ќе важат до 15 април

208

Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека мерките за ограничено движење ќе бидат продолжени до 15 април, јави дописникот на МИА.

По десет дена ограничено движење за Французите, „јасно е дека ние сме на почетокот на бранот од епидемијата“, објасни Едуар Филип. Тој притоа подвлече дека ќе продолжат да се спроведуваат истите мерки, како и досега.






Во случај ако „здравствената ситуација тоа го побара, може повторно да бидат продолжени овие мерки, додаде францускиот премиер. 

Поврзани содржини