ВО ЕУ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ЗА 3 ДО 4 ГОДИНИ Ахмети не крева бело знаме

Ако некогаш сте помислиле дека ни се потребни 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3 до 4 години ние ќе бидеме членка на ЕУ. Околностите се сменија во наша полза, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

382

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е убеден дека Македонија ќе влезе во ЕУ за 3 до 4 години.

Овој свој оптимизам тој го сподели на дебатата на тема „Европски фронт“ организирана за годишнината на ДУИ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.






– Искрено, јас сум оптимист. Не креваме бело знаме. Поминавме многу соочувања и тешкотии и постигнавме успешно да ги завршиме важните поглавја за државата и за стабилноста. И најголемите оптимисти не мислеа дека некогаш ќе влеземе во НАТО, па еве сега тоа е реалност. Ако некогаш сте помислиле дека ни се потребни 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3 до 4 години ние ќе бидеме членка на ЕУ. Околностите се сменија во наша полза – рече Ахмети.

Тој смета дека треба да се направат уставни измени, а затоа треба да има помирување меѓу сите субјекти што имаат одговороност за судбината на државата.

– Јас мислам дека може да се постигне помирување, да ги стават сите интересите на државата, иднината на генерациите. Нема политички интереси дали ќе победиме на другите избори – додаде тој.

Поврзани содржини