Во двата главни ковид-19 центри пристигнаа медицински лица од цела Македонија

Филипче додаде дека во изминатата денови засилени со кадар се двете главни болници каде што се лекуваат заболените со ковид-19.

420

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата во болниците, вклучувањето на монтажната болница во употреба, како и пристигнувањето на медицинскиот персонал кој треба да им помогне на своите колеги двете главни болници кои имаат најголем терет со оваа пандемија.

– Во болниците сега се хоспитализирани 318 пациенти, на Инфективна има 95 лица. Во однос на потребата на зголемување на капацитетите во последните два месеци засилено работевме на монтажната болница која е целосно опремена и има 70 легла и разговаравме со директорката за ротација на кадарот. Во „8 Септември“ се хоспитализирани 113 пациенти. – вели Министерот.






Филипче додаде дека во изминатата денови засилени со кадар се двете главни болници каде што се лекуваат заболените со ковид-19.

– На Инфективна дојдени се 5 доктори, тројца од клиниките, еден од болницата од Тетово и еден од Охрид, како и 27 медицински сестри од Кавадарци, Кочани и Кичево. Во „8 Септември“ пристигнати се шест доктори двајца од скопските клиники, двајца од Кичево, и по еден од Отешево и Гостивар. Исто така се дојдени и 20 медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија и Лешок – изјави Филипче.

Министерот Филипче додаде дека има еден позитивен болничар во болницата во Битола, а двајца негови се во изолација, еден хирург има симптоми и денес ќе се тестира.

Тој додаде дека има доволен број на кревети и дека тоа не е нешто што загрижува.

Поврзани содржини