ВО „ДРИСЛА“ СЕ ТРОШЕЛО КАКО ДА НЕМА УТРЕ Фрапантни податоци за зголемени трошоци за сѐ и сешто

Владимир Нелоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, бара ревизија на работењето на ова јавно претпријатие.

2,434

Во Јавното претпријатие „Дрисла“ се трошело како да нема утре. Директорот трошел како да се спремал дека ќе ја напушти функцијата, бидејќи и од најголеми ставки до најситни ставки разликите на сумите се фрапантни. Целокупното работење на претпријатието треба да биде анализирано и ставено на предмет на ревизија за да не се дозволи повеќе да има фрапантни расходи во трошоците, изјави Владимир Нелоски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Нелоски на денешната седница на Советот ги соопшти огромните разлики во трошоците и неразумното трошење на ЈП Дрисла.






– Само за потрошен материјал за одржување за 2020 година потрошиле 3,4 милиони денари, додека во 2021 потрошиле 6,4 милиони денари. Трошоците за резервни делови и за материјали гуми сумата се зголемиле 3 пати, трошоците за ситен инвентар се зголемиле околу 2,5 пати, од 14 на 3,5 милиони денари. Одржувањето на веб страната има зголемување за 6 пати, додека за тековното одржување на објект има двојно повеќе поголеми трошоци. Трошоци за софтверот е зголемен 3 пати, додека пак хардверот само 20% повеќе во однос на 2020 година – рече Нелоски.

Ова претпријатие за трошоци за интелектуални услуги има потрошено двојно повеќе од планираното, а за правни адвокатски и нотарски услуги, исто така двојно повеќе, а повисоки се и судските трошоци.

– Кога сме кај вработувањата во ова претпријатие, тие се драстично зголемени, а само по основ на бруто плати споредено со минатата година потрошени се повеќе 5 милиони денари, додека трошоците за привремени вработувања се зголемиле од 4,8 на 6,4 милиони денари – изјави Нелоски.

Поврзани содржини