Во Дигиталниот речник врие од навредливи зборови за Ромите (ФОТО)

Според претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски во овој речник има скандалозни навредливи зборови на адреса на Ромите во Македонија.

4,223

Вчера Владата промовираше дигитален речник по македонски јазик во кој врие од навреди за ромската популација во земјава.

Според претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски во овој речник има скандалозни навредливи зборови на адреса на Ромите во Македонија.






Демировски ги повика сите Роми кои се дел од парламентарното мнозинство и коалциијата на Заев да ја напуштат веднаш поради големите навреди кон нив.

Тој и даде 24 часа на Владата да ги отстрани овие скандалозни зборови, а доколку тоа не се случи вели дека ќе ги крене сите Роми ширум Македонија и Европа на нозе.

– Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот.

Денеска Владата на РМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.

Дигиталниот Толковен речник содржи 100.000 зборови меѓу кои и „циганче“, „поцигани“, „циганчи се“, „циганштија“ и „циганштилак“! Имате рок за 24 часа да ги тргнете. Доколку не бидат тргнати ќе ги дигнам на нозе Ромите од цела Република Македонија и цела Европа. НПР бара веднаш да се повлечат тие грди зборови кон моите Роми,….. Ние сме Роми! Ги повикувам сите ромски политичари и аргатите и сите да си дадат оставка – се вели во објавата на Демировски на „Фејсбук“.

Она што е интересно е што во речникот нема навредливи зборови за Албанците во Македонија, но има за Ромите и за Македонците.

Поврзани содржини