📽️ ВО ДЕЛ ОД СЕКУНДА ГО СПАСИ ДЕТЕТО ОД СМРТ Херојска реакција на една мајка во Грција

Безбедносни камери во грчкиот град Нафпактос забележале драматичен момент кога мајка во последен миг го спасила своето дете од автомобил што излетал од контрола и се забил во нивното возило.

182

Драматични сцени се случиле во грчкиот град Нафпактос, каде безбедносните камери забележале момент кој во неколку секунди можел да заврши трагично, но завршил со херојска реакција на една мајка.

Инцидентот се случил на улица во близина на пристанишниот плоштад, додека жената го ставалa своето мало дете во паркирано возило.






Во тој момент, автомобил што се движел од спротивна насока, под засега неразјаснети околности, изгубил контрола, скршнал од коловозот и со голема брзина се забил во возилото до кое стоела мајката, пренесуваат локалните медиуми.

Она што следи е сцена која го шокира јавноста. Штом ја забележала опасноста, мајката реагирала инстинктивно и во дел од секундата го зграпчила детето во раце и се оддалечила од местото, влегувајќи во блиска продавница.

 

Неколку моменти подоцна, автомобилот целосно излетал од контрола и со силен удар го погодил паркираното возило, предизвикувајќи значителна материјална штета.

Според првичните информации, нема потешко повредени лица, што најмногу се должи на брзата реакција на мајката, која буквално во последен миг успеала да го извлече детето од опасната ситуација.

Настанот е снимен од безбедносни камери и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и коментари за храброста и присебноста на жената.

Поврзани содржини