Вљубениците во природата, но и сите кои случајно се нашле на локалните патишта на Дурмитор, деновиве можат да видат нереални сцени. Додека на крајбрежјето плажите пополека се полнат, на црногорската планина, и натаму има слоеви од снег во висина и од неколку метри.
– Денеска на прстенот околу Дурмитор“, пишува во описот на првото од двете видеоснимки на снежни наноси.
Додека на првото видео се гледа снег крај патот, на второто е снимена гребалка како чисти, односно ги расфрла снежните наноси.