Во Црна Гора ќе се дозволат истополови бракови

442

Парламентот на Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови, со 42 гласа „за“ од потребните 41 глас на пратеници, објави Блиц.рс.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Твитер напиша дека тоа е знак дека созреваат како држава.






Законот им дозволува на истополовите двојки во Црна Гора да ги уживаат истите права како и брачните заедници меѓу маж и жена, само без можност за посвојување деца.

 

Поврзани содржини