Во четврток и петок ќе се прска против комарци
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Градот Скопје информира дека во четврток и петок ќе се прска против комарци.
Според планот на Градот ќе се прска авионски и теренски во раните утрински часови.
– Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15.07.2021 година (четврток) и на 16.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18.07.2021 година (недела) до 22.07.2021 година (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден – информираат од Градот.
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.