Во „четири очи“ лани до јуни се договорени тендери во вредност од 11.000.000 евра

Само 22 отсто од вредноста на договорите склучени без претходно објавување на оглас се реализирани поради коронакризата.

717

Во првото полугодие од 2020 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање  во четири очи се склучени договори  за јавни набавки во вредност од 11.000.000 евра, што е за 14,58 отсато повеќе од истиот период претходната година. Најниската цена и натаму е единствен критериум за избор на најповолната понуда на тендерите, со што не се користи законската можност за земање предвид и на квалитетот на набавките. Загрижувачки манипулативна е состојбата со необјавувањето на проценетата вредност на набавките. Сѐ уште е висок процентот на поништени јавни набавки.

Ова се дел од наодите на Центарот за граѓански комуникации од мониторингот на  јавните набавки извршени во првото полугодие лани.






Во првото полугодие од 2020 година 464 тендери се реализирани без објавен оглас или повеќе за 14,58 отсто во однос на истиот период  од 2019 година. На овој начин се склучени договори во вредност од 11 милиони евра.

-Дел од овие договори вкупно 198 се склучени поради избивањето на кризата со коронавирусот, која ја наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и спречување на ширењето на заразата од овој вирус. Притоа, вредноста на договорите за набавка на средства за заштита и лекување од коронавирусот вкупно изнесува околу 2,4 милиони евра. Ова значи дека во првите шест месеци од 2020 година, само 22 отсто од вредноста на договорите склучени без претходно објавување на оглас можат да ѝ се припишат на кризата со ковид-19 – велат од Ценатрот.

Во 96 отсто од јавните набавки одлучувачки критериум за најповолна понуда  бил „најниската цена“.

Од Центарот велат дека тоа доведува до оправдан сомнеж дека со толку големата примена на критериумот – најниска цена се доведуваат во прашање начелата на економичност, ефикасност и ефективност на јавните средства.

Трендот на реализирање на јавни набавки во четири очи и натаму е висок.

Поништувањата на тендерите во првото полугодие од 2020 година бележат раст во однос на истиот период претходната година и изнесуваат 27%.

-Доминантен дел од тендерите се целосно поништени. Најголем број на поништувања имале АД Електрани, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи – велат од Центарот за граѓански комуникации..

На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период 2019 година, но влошување во однос на цела 2019 година.

Електронската аукција е користена во дури 92 отсто од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки.

Загрижувачки манипулативна е состојбата со необјавувањето на проценетата вредност на набавките.

– Проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, а понудувачите доставуваат понуди што се симптоматично блиску до проценетата вредност на тендерите – велат од Центарот.

Од Центарот констатираат дека институциите не практикуваат консултации со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки.

„Во првото полугодие од 2020 година, објавени се повици за технички дијалог само во 131 јавни набавки или за 1,4 отсто од тендерите. Притоа, и во овој симболичен процес на консултации се забележани пропусти – валтат од Центарот за граѓански комуникации.

На локално ниво, често се забележува непочитување на Законот за јавните набавки и грешки во тендерските документации. Се подобрува конкуренцијата на локалните тендери, но има бројни примери на нејзино ограничување, пред сè преку техничките спецификации. Поништени се една четвртина од тендерите, но иако процентот се намалува, тој сепак е сѐ уште висок.

 

Поврзани содржини