ВО ЧЕКАЛНА НА ОНКОЛОГИЈА ОД ЏЕБ НА ПАЦИЕНТ УКРАЛ 300 ЕВРА И 28.000 ДЕНАРИ Дрскиот крадец заврши во притвор

Пациентот забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата, соопшти Јавното обвинителство.

676

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривичното дело Тешка кражба од Кривичниот законик.

„Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари“, соопшти денеска Јавното обвинителство,






Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата.

„Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот“, информираат од Јавното обвинителство.

Притворот е веќе прифатен од судот, се додава во соопштението од Обвинителството.

Поврзани содржини