ВО ЧАИР ДОЈДОА ЗАЕДНО, АМА НЕ РАЗБРАВМЕ КОЈ Е ТОЈ ШТО ДОАЃА ЗА ПРЕМИЕР Четата на Ахмети одржа гранде митинг во базата на „огнените“

3,721

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, миниистерот Арбр Адеми – сите синоќа во понеделникот беа заедно во преполната спортска сала „Шабан Трстена“ во Чаир во Скопје.






Митингот на приврзаниците на раководството на ДУИ во „базата“ на „огнениот“ Изет Меџити успеа, но јавноста сепак не доби одговор на прашањето кој е то што доаѓа, како што се вели во кампањата на оваа партија, односно кој ќе биде премиерот на Македонија во последните три месеци пред изборите.

Говореа Бујар Османи и Артан Груби, повикувајќи на обединување околу европскиот фронт. Ветија изградба на автопатот кон Косово и на коридорите 8 и 10, но и усвојување на законот за оддалечување на казината и обложувалниците на најмалку 500 метри од училиштата.

Али Ахмети повика на помирување и обединување, наспроти поделбите.

– Некои се лутат, но нема враќање назад. Ги почитувам одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности. Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз, туку незапирлив ураган – рече тој.

 

Поврзани содржини