Општинските служби на Бутел викендов темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, и сите автобуски постројки. Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и воедно сите објекти кои се лоцирани на локалниот пазар во Бутел, а благодарение на Скопски Пазар, како општествено одговорна компанија, соопшти Општината.
– Во рамките на оваа акција во справување против ширењето на коронавирусот, Општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината – велат од Општината.