ВО БРИТАНИЈА НЕМА КОЈ ДА ГИ КОЛЕ СВИЊИТЕ Брегзитот го направи своето, избегаа работниците
Свињите на фармите чекаат да бидат заколени, а работниците, кои биле претежно од Источна Европа, заминале поради тоа што изгубиле работни визи поради Брегзитот, а според министерот за животна средина и пандемијата со коронавирус го направила своето. Фалат 800 касапи за ситуацијата да се врати во нормала.
Прво го снема бензинот, а сега месото. Брегзит предизвика вистински егзодус на работниците од Источна Европа кои работеа во кланиците во Велика Британија, а зад себе ги оставија свињи и фарми кои ги чека работа, пишува Н1. Земјата ќе биде принудена итно да им понуди 800 работни-визи на шест месеци на овие луѓе, но и олабавени мерки за влез на возачите кои носат роба од ЕУ.
– Ќе им овозможиме на работниците од кланиците и фабриките за преработка на месо да доаѓаат шест месеци како дел од програмата за сезонски работници. Ова ќе ни помогне да го решиме проблемот со премногу свињи на фармите и ќе им овозможи на производителите на месо да заколат што е можно повеќе свињи – рече министерот за животна средина Џорџ Остис.
Но, според министерот, причината за катастрофата не е во Брегзит, туку во пандемијата со коронавирус која ги принудила луѓето да се вратат во Европа.
– Можеа да останат, но голем дел од нив сакаа да бидат со своите семејства во тешкиот период на пандемијата, па ја напуштија Британија – рече Остис.