Во болниците во земјава се лекуваат 591 ковид пациенти

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

189

Во изминатите 24 часа  во ковид-центрите и во болниците во Скопје и низ земјава се лекуваат вкупно 591 пациент и има околу 480 празни болнички кревети.

Во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 пациент, а во Куманово 46 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид – центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани четири, во Кичево осум, Кавадарци 39, во Гевгелија пет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало седум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти  и ниту еден  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени,  се вели во соопштението.

 

 

Поврзани содржини