ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ СМЕСТЕНИ 576 КОВИД ПАЦИЕНТИ Во скопските клиники се лекуваат 174 пациенти
Моментално во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на Институтот за ТБЦ.
На инфективните одделенија и во ковид – центрите во земајта се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со ковид-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа Минстерството за здравство.
Моментално во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на Институтот за ТБЦ.
Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.