Во болниците се лекуваат вкупно 883 ковид пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. 

136

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 499 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 45, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 15, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 847 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.  Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 8 болни.

Вкупно 384 пациенти потврдени и сомнителни за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

Поврзани содржини