Во болнички услови се лекуваат 658 пациенти од ковид-19

Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

243

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 нови приеми на пациенти, а 3 на Инфективната клиника  во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 28 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 254 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани содржини