Во близина кај што гравитираа многу деца, фрлен опасен отпад (ФОТО)
Нема информации дали во отпадот има искористена опрема за заштита од ковид-19, шприцеви или друг опасен материјал.
На социјалните мрежи беа споделени фотографии од медицински отпад кој е фрлен до обични контејнери за ѓубре во скопската општина Аеродром.
Според очевидците кои го забележале отпадот тој е фрлен од страна на здравствена институција на локација каде што гравитираат голем број деца.
Инаку во земјава со години има специјални протоколи за уништување на медицински отпад, но очигледно сега некој решил дека ова е најлесниот начин за негово отстранување.
Медицински отпад е отпад кој што се создава во медицинските и во здравствените институции (стационари, болници, поликлиники и амбуланти, стоматолошки ординации, ординации кои даваат одредени здравствени услуги, истражувачки лаборатории – институти, ветеринарни друштва и слично) кој настанува како производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болести кај луѓето и животните.
Нема информации дали во отпадот има искористена опрема за заштита од ковид-19, шприцеви или друг опасен материјал.
Поликлиниката “Јане Сандаски си фрла медицински отпад лабаво до комерцијални контејнери⬇️
👉 Тука има: детска градинка, детски игралишта, црква “Св. Илија” и станбена зграда..врие од луѓе..
Да ве прашам…НОРМАЛНИ ЛИ СТЕ БЕ ⁉️⁉️@miteskid pic.twitter.com/8c3yb1vQzO— Шефот (@The_Chief86) June 29, 2021