Организацијата ги повика земјите донатори да ја заштитат иднината на авганистанските деца пред клучниот состанок во Женева, јави Би-Би-Си.
Авганистан е меѓу единаесетте најопасни земји во светот за децата, тврди „Спасете ги децата“.
Минатата година беа убиени 874 авганистански деца, а 2.275 осакатени.
Повеќе од две третини од убиените и ранетите минатата година беа момчиња, како резултат на судирите меѓу владините и антивладините сили или импровизирани експлозивни направи во самоубиствени и несамоубиствени напади.
Извештајот посочува дека училиштата често биле напаѓани во судирите меѓу авганистанската влада, поддржани од американски трупи, против талибанците и другите бунтовници.
„Спасете ги децата“ наведува дека помеѓу 2017 и 2019 година имало повеќе од 300 напади врз училишта