Во Албанија потврдени се два нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 12 лица.
– Направени се 43 нови тестови, само два случаи се позитивни. Едниот бил во контакт со првозаразените, татко и син во Тирана, додека другиот е повозрасно лице од Љушња кој допатувал од Бергамо. До денеска тестирани се вкупно 157 лица сомнителни на Ковид-19 а до сега само 12 беа позитивни, од кои дури девет имале контакт со првозаразените – рече заменик министерката за здравство Мира Ракацоли, на редовната пладневна прес конференција.
Таа додаде дека 104 лица кои контактирале со веќе заразените се во домашна изолација, меѓу нив и здравствени работници.
Албанското Министертво за здравство денеска издаде нова наредба со која до 3 април се става клуч на врата на ноќните клубови, детските забавни објекти, спортски центри, базени, интернет-клубови, културни центри, пабови и диско- клубови