ВО АКЦИЈАТА ВО СТРУГА УАПСЕНИ СЕ 19-МИНА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ОРУЖЈЕ Уште тројца се во бегство, а еден веќе е во затвор
Криминална група била составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин, кој престојува во Струга, информираат јавното обвинителство и МВР.
По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, кои подолго време се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје, соопшти Јавното обвинителство. Криминална група била составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга).
Од јануари 2023 година до ноември 2023 година, првоосомничениот, заедно со тројца други осомничени, како повеќе лица се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин, хашиш и марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога.
Продажбата ја вршеле во три мрежи заедно со 16 од останатите осомничени лица. Првоосомничениот неовластено набавувал наркотична дрога – кокаин или марихуана од НН лица од Албанија и набавената количина ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачјето на Општина Струга, по што дел од наркотичната дрога, наменета за брза продажба ја пренесувал во два угостителски објекти во Струга, а останатата количина на наркотичната дрога спакувана во помали пакувања се продавала преку мрежите воспоставени од останатите тројца организатори.
Тие постојано работеле на истиот начин. Првоосомничениот ги организирал и ги одобрувал продажбите, па при секоја продажба, откако припадниците на групата кои имале улога на препродавачи, ќе стапеле во контакт со заинтересиран купувач на наркотична дрога, го информирале организаторот на мрежата на која припаѓале и по извршената купопродажба, парите ги предавале на организаторот, а тој на првоосомничениот, кој како награда им давал процент од постигнатата цена. Кога заинтересираните купувачи на наркотични дроги, биле непознати на осомничените, се барало дозвола за продажба од првоосомничениот. Во зависност од побарувачката на заинтересирани купувачи, наркотичната дрога – кокаин спакувана во помали паковки се продавала по цена од 60 евра до 100 евра за 1 (еден) грам, 50 грама марихуана со висок квалитет по цена од 100-250 евра, додека масло од хашиш нелегално произведено во домашни услови се продавало по цена од 40 евра од кубик.
Во истиот временски период, четворица осомничени, се организирале како злосторничко здружение заради неовластено набавување, држење и продавање на огнено оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а во тргувањето со оружје се приклучиле уште двајца од осомничените. Еден од организаторите од НН лица набавувал разно оружје и муниција што ги сокривал на безбедни локации на подрачјето на Општина Струга, по што останатите петмина осомничени контактирале со заинтересирани купувачи и им нуделе оружје и муниција за продажба.
Со дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка 20 лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик од нив тројца се осомничени и за сторено кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.6 в.в. со ст.1 од Кривичен законик, за кое дело се осомничени и останатите три лица.
Во акцијата од слобода се лишени 19 лица, три лица се недостапни на органите на прогонот, а едно лице е во притвор заради обид за убиство во друг кривично правен настан. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организира
Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, МВР соопшти дека се извршени претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во Затвор Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, додека по три лица се трага, а едно лице од претходно е во затвор. Кривично пријавени се вкупно 23 лица за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против 23 лица.Во акцијата учествувале припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции и ОВР Струга.