📽️ ВО АКЦИЈАТА БЛИЗУ ВЕНЕЦУЕЛА БИЛЕ УБИЕНИ 11 ЛИЦА Трамп вели дека се работи за наркотерористи опасни за САД

Од друга страна, венецуелскиот министер за комуникации Фреди Нуњес кажа дека видеото кое го објави американскиот претседател е направено со вештачка интелигенција.

458

Снимка од моторен чамец кој брзо се движи по немирните води близу Венецуела објави американскиот претседател Доналд Трамп велејќи дека во големата операција на американската војска се убиени 11 наркотерористи.

– Пловилото било во меѓународните води и превезувало илегални наркотици наменети за САД. Американските сили уништија брод со многу дрога во близина на Венецуела. Како резултат на нападот убиени се 11 наркотерористи – кажа Трамп.

 






Тој додаде дека американската војска нападнала членови на венецуелската банда Трен де Арагва и дека моторниот чамец превезувал дрога во Јужни Кариби.

Од друга страна, венецуелскиот министер за комуникации Фреди Нуњес кажа дека видеото е направено со вештачка интелигенција.

Аналитичарите велат дека испраќањето бродови во водите на Венецуела е форма на притисок на САД врз лидерот на Венецуела, претседателот Николас Мадуро.

Од јануари владата на Трамп прогласи неколку организации во Венецуела за терористички, меѓу кои и Картелот на сонцето.

 

Поврзани содржини