ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ КОМПЕТЕНТНИ АЛБАНЦИ, РОМИ, ТУРЦИ… Законот за правична застапеност прво ќе оди на оценка во Венецијанската комисија

Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регулиран со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија, најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

729

Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура. Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност на припадниците на заедниците во јавната администрација ќе се регулира со подзаконски акти, откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.

– Овој закон за правична застапеност, којшто морам да кажам дека е уставна категогија која произлегува од Охридскиот рамковен договор, го подготви група експерти во Владата. Законот денеска ќе се разгледа на владина седница и понатаму ќе биде проследен во Венецијанската комисија. Она што е важно за овој закон е дека вработувањата ќе бидат врз база на компенетност, квалитет и професионаност. Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регулиран со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија – изјави Минчев.

Поврзани содржини