ВО 9 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВА СКРИНИНГОТ ЗА КОВИД-19 Ќе се тестираат 258 учениви

Скринингот ќе се спроведува и во основните училишта, а вкупно на територија на државата треба да опфати 8 200 ученици.

174

Скринингот на учениците во 9 средни училишта во Скопје почнува денеска. Ќе се тестираат 258 средношколци.

Средношколците ќе се тестираат во посебна просторија во училиштата и за еден ученик нема да трае повеќе од една минути. Истото, велат од Министерството за здравство, е безболно и безбедно односно со земање брис од грлото и носната шуплина.






Ученици ќе се тестираат на коронавирусот и во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Скринингот ќе се спроведува и во основните училишта, а вкупно на територија на државата треба да опфати 8 200 ученици.

Учениците се бираат по случаен избор преку електронскиот дневник, по што се бара согласност од нивните родители

– Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата – велат од Министерството за здравство.

 

 

Поврзани содржини