ВО 47-MA БУГАРИТЕ ПРИЗНАЛЕ МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО Расколот меѓу Тито и Сталин ја уништил „љубовта“ меѓу братските народи

Во Благоевград, Ќустендил, Горноџумајско, Неврокопско, Петрич и во селата од нивниот округ учителите од Македонија предавале за нашиот јазик и историја. Учениците можеле да купат преводи од руски писатели на македонски јазик, а весниците „Нова Македонија“ и „Млад Борец“ биле достапни да се набават преку наставниците.

1,142

Две години, од август 1947 до октомври 1949-та, Бугарија го признала македонското малцинство, а во училиштата била воведена настава на македонски јазик со учители кои дошле од тогашна СР Македонија. Тоа било времето на договорот меѓу Тито и Георги Димитров, познат како Бледски договор, со кој Југославија и Бугарија во иднина би можеле да влезат во идна федерација, но набрзо Тито му рекол „не“ на Сталин со што пропаднале напорите.

Договорот ги укинал визите и дозволил царински сојуз, односно олеснување на царините, а предвидувал и обединување на Вардарска Македонија со Пиринска Македонија и враќање на Западните покраини од СР Србија на Бугарија, во склоп на новата Балканска Федеративна Република.






Јутјуб видео од архивите на МРТВ ги опишува годините кога Македонците беа признати:

Во Благоевград, Ќустендил, Горноџумајско, Неврокопско, Петрич и во селата од нивниот округ учителите од Македонија предавале за нашиот јазик и историја. Учениците можеле да купат преводи од руски писатели на македонски јазик, а весниците „Нова Македонија“ и „Млад Борец“ биле достапни да се набават преку наставниците.

Бил формиран македонски народен театар во Горна Џумаја, чиј уметнички директор бил Илија Милчин. Претставите на Антон Панов и други наши драмописци на македонски јазик биле широко посетувани. Актерите биле мешани од македонските театри и глумци од Пиринска Македонија.

Политиките што произлегле од договорот биле повлечени по расколот на Тито и Сталин во јуни 1948 година, кога Бугарија, подредена на интересите на Советскиот Сојуз, зазела став против Југославија. ЦИА објави класифициран документ датиран од истата година, каде се опишани изгледите на македонското малцинство по расколот.

Вреди да се напомене дека договорот потпишан на Бледското езеро во Словенија е серија на билатерални договори. Договорот бил пример за тоа како во текот на Студената војна е возможна мирољубива и блиска соработка помеѓу држави и народи кои во минатото, па и во последната војна биле непријатели.

Поврзани содржини