ВО 2001 ГОДИНА БЕВ СПРЕМЕН САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА ДА ГО СМЕНАМ ИМЕТО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Обелодени експремиерот Георгиевски
Георгиевски рече дека Никола Груевски во 2008 година имал исто така можност да го смени името само за надворешна употреба, но дека не прифатил. Георгиевски додава дека Груевски да прифател тогаш, сега Македонија ќе била членка на ЕУ.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 откри интересни детали од минатото во Македонија. Тој тврди дека тогашната партија СДСМ, организирала протести против менување на името во Северна Македонија, кое било идеја токму на Георгиевски.
Георгиевски ексклузивно открива дека во 2001 година бил подготвен само за надворешна употреба да го смени името во Северна Македонија, името кое ќе го добие државата 18 години подоцна за секаква употреба.
– Јас бев подготвен тогаш, и внимавајте, тогаш ќе беше само за надворешна употреба. И требаше само БЈРМ, да се замени со Северна Македонија. Северна или Горна, уште не беше дефинирано од грчка страна – вели Георгиевски.
Георгиевски рече дека Никола Груевски во 2008 година имал исто така можност да го смени името само за надворешна употреба, но дека не прифатил. Георгиевски додава дека Груевски да прифател тогаш, сега Македонија ќе била членка на ЕУ.
– Јас се обидував да ги решавам проблемите на државата. Тоа е доблест. Најлесно е премиерот да каже го оставам овој проблем за некој друг. Како Никола Груевски што правеше. Груевски после Букурешт имал понуда промена на име само за надворешна употреба. И сега што е патриотизмот? Дали ќе беше Груевски патриот да го прифати тоа после Букурешт во 2008 само за надворешна употреба? Тогаш го немаше проблемот со Бугарија, ќе го немаше со Грција, и сега ќе бевме членка на НАТО, ќе бевме и во Европска Унија – потенцира Георгиевски.
Видео од изјавата на Георгиевски