Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус

„Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот вирус. Британскиот вид е регистриран во 17 градови“, напиша Коџа.

241

Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови на Турција, соопшти Министерството за здравство.

Мутираниот вирус е еден од факторите за пораст на бројот на заболени во Европа и затоа Турција мора да биде многу внимателна, напиша на Твитер министерот за здравство Фахретин Коџа.






„Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот вирус. Британскиот вид е регистриран во 17 градови“, напиша Коџа.

Турскиот министер истакна и дека новиот вид на коронавирус не влијаел врз ефикасноста на вакцината.

Поврзани содржини