🎥 ВНУКОТ НА МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА КОЈ ИМА АУТИЗАМ НАПОЛНИЛ 16 ГОДИНИ И ЖИВЕЕ ВО ДОМ Македонската пејачка искрено за животот, семејството и за својата слабост – Лука

- Лука е преубав, само Бог можеше да создаде толку убаво дете и само Бог може да му помогне да биде подобро - вели Маја која раскажа и дека таа оди да го посетува Лука еднаш неделно и дека тој тогаш бескрајно ѝ се радува. 

194

Маја Оџаклиевска неодамна во разговор со Отец Предраг Поповиќ искрено раскажа за најинтимните делови од својот живот, за неколку спонтани абортуси, вонматерична бременост и за тоа како конечно се остварила како мајка на 31 година кога ја родила постарата ќерка Теа.

Пејачката веќе неколку години живее далеку од градскиот метеж, во мирното место Старо Село, во близина на Велика Плана кадешто се пресели од Белград и кадешто живееше со својот аутистичен внук Лука се додека не одлучиле да го сместат во еден центар.






Во овој разговор таа раскажа и дека нејзиниот внук Лука неодамна наполнил 16 години.

– Лука е преубав, само Бог можеше да создаде толку убаво дете и само Бог може да му помогне да биде подобро – вели Маја која раскажа и дека таа оди да го посетува Лука еднаш неделно и дека тој тогаш бескрајно ѝ се радува.

Маја зборуваше и за тоа дека иако човечкиот фактор е причина за нивното страдање поради аутизмот на Лука, мислејќи притоа на фактот дека дијагнозата му е поставена откако ја примил ММР вакцината, таа има верба во Бог и дека постојано ѝ вели на својата ќерка дека треба да веруваат дека еден ден Бог ќе најде начин да му помогне.

Поврзани содржини